Азар: Немам дилеми кој ќе ја освои „Златната копачка“ на овој мундијал

Дерби

09/07/2026

12:23

369

Големина на фонт

а а а

Еден Азар верува во чудо и во шансите на Белгија да направи големо изненадување против Шпанија во четвртфиналето на Светското првенство, но во разговорот кој го водеше за „Марка“, славното крило говореше и за играчите кои го одбележаа досегашниот тек на мундијалот.

Трката за „Златната копачка“ е поизедначена од било кога и дел од истата се три или четири имиња, но според Азар, на крајот признанието за најдобар голгетер ќе му припадне на францускиот капитен.

Азар верува дека Мбапе ќе ги урне сите голгетерски рекорди на мундијалите, а според него, и овој ќе го заврши како најдобар стрелец пред Меси и Халанд.

– Има многу играчи од светска класа на овој мундијал кои се борат за „Златната копачка“. Има многу кандидати за најдобар голгетер, не смее да се заборави и Дембеле кој е светска класа.

– По мој вкус се играчи кои дриблаат и кои се забавуваат на теренот, но на овој мундијал, сигурен сум дека Мбапе ќе биде тој што ќе заврши како најдобар голгетер, – изјави Азар.

Пред четвртфиналната фаза, Меси е лидер на голгетерската листа со осум погодоци, Мбапе и Халанд имаат по еден помалку, Кејн е зад нив со шест, а Дембеле има четири погодоци зад своето име.