Бекер: Ѓоковиќ знае дека ова е животна шанса за него

Дерби

09/07/2026

12:41

283

Големина на фонт

а а а

Новак Ѓоковиќ максимално се потроши во историското четвртфинале против Феликс Оже Алијасим и успеа да закаже полуфинален блокбастер против Јаник Синер, а после тешката и маратонска битка која ја заврши со успех, самиот Србин нагласи дека добро ќе му дојдат два дена одмор.

Поволна околност за Новак беше тоа што своето четвртфинале го одигра во вторникот вечерта и ќе може подобро да се регенерира за тоа што следи, односно дуелот против најдобриот и најконстантен тенисер во овој момент.

Синер како светски рекет број еден е бранител на титулата на Вимблдон, па иако според сите букмејкери влегува како фаворит за победа во утрешното полуфинале, Борис Бекер смета дека ова е животна шанса за Ѓоковиќ.

Откако освои се што може да се освои во тенисот, Новак си зададе уште една крајна цел да освои 25-та грен слем титула, а веќе некое време се зборува дека најдобра шанса за тоа му е играњето на тревна подлога.

Од многу фактори ќе влијае конечниот епилог на утрешното полуфинале кое е закажано за 14:30 часот на централниот терен во Ол Ингланд клубот, а Бекер верува дека Новак ќе има свои шанси и покрај големиот напор и истрошеноста од претходниот меч.

– Новак има најдобра шанса за освојување на 25-та грен слем титула и тој знае дека ова му е животна шанса. Најтешко е да го совладате Новак на трева, а не треба да се заборави дека веќе го победи Синер оваа година во пет сета. Тој беше поуспешен во Австралија и Новак секогаш е најтешка препрека за било кој ривал на грен слем турнирите.

– Синер не го отвори добро турирот, но има едно златн правило во тенисот. Првата недела на грен слемите се преживува, а во втората недела се освојува титулата. Синер го избегна првото сценарио и сега има шанса да се бори за пехарот кој веќе го освои минатата година, – изјави Бекер.