[ФОТО/ВИДЕO] Не се знае која е позгодна! Џеј Ло ужива во Париз со „жената од сенка“ на која ѝ се восхитува сиот живот, а фотографите не можат да се договорат која прва да ја фотографираат

Точка

09/07/2026

13:29

669

Големина на фонт

а а а

Париз деновиве повторно е центарот на светот на модата и забавата. Топлотниот бран, заедно со високите температури, донесе и „висок напон“ за кој се заслужни холивудските ѕвезди – некои се тука поради Неделата на висока мода, други пристигнаа за филмот „Одисеја“.

Првата група „висока мода“ ја предводи латино дивата Џенифер Лопез, која на модните ревии ужива во друштво на посебна личност…

Познатата актерка и пејачка ја користи секоја можност да нагласи колку е блиска со сестрите. Додека најстарата Лесли, професорка по музичко, не сака да се експонира, најмладата Линда не бега од камерите. Впрочем, таква е и природата на нејзината работа. На угледната њујоршка новинарка и водителка односите со јавноста и медиумите не ѝ се непознаница, а често соработува и со две години постарата сестра Џенифер Лопез (56).


Џеј Ло деновиве е една од најфотографираните жени во Париз. Таа внимателно ги следи настаните на Неделата на висока мода, а друштво ѝ прави нејзината помлада сестра, Линда.


Прво свратиле во прекрасната градина на музејот Роден, за модната ревија на „Диор“, за која избрале елегантни црни комбинации. Следниот ден, фотографите ги „уловиле“ уште пред да го напуштат хотелот. На еден моден настан отишле облечени во пастелни тонови, кои совршено се вклопиле во амбиентот.


Линда се појавила во елегантен костум во нежна розова боја, а Џенифер во кратко здолниште во маслинеста нијанса и асиметричен крој, бела блуза и широк мантил во пудрести тонови.

Наредниот ден сестрите излегле во град во полежерни комбинезони. Џенифер Лопез ја „спакувала“ својата совршена фигура во кафеав комбинезон со широки панталони, со прерамки и интересен јазол на половината, додека нејзината сестра се одлучила за проѕирен летен фустан со раскошен дезен и карнери.


Џенифер и Линда се појавиле и на модната ревија на Зухар Мурад во раскошни креации.


Кога во една прилика се присетила на своето детство, Линда се пошегувала дека често се карала со своите постари сестри. Денес, таа има продуцентска куќа во Њујорк. Ја има ќерката Луси, која ја доби со публицистот Адам Голдфрид пред 17 години. Се занимава и со семејната хуманитарна организација „Фондацијата на семејството Лопез“.