[ВИДЕО] Погледот кој кажа сè: Трамп и подаде рака на Мелони

Макфакс

08/07/2026

16:10

756

Големина на фонт

а а а

На самитот на НАТО во Анкара се случи долгоочекуваната средба помеѓу Доналд Трамп и Џорџа Мелони, по тензии и контроверзии од претходно, каде беше забележан интересен момент со превртување на очите од премиерката Мелони.

На самитот на НАТО во Анкара, кој започна вчера и кој помпезно беше најавен како состанок што конечно би можел да ги смири односите меѓу сојузниците, се одржа долгоочекуваната средба меѓу Доналд Трамп, претседателот на САД, и Џорџа Мелони, премиерката на Италија.

Тоа е нивна прва средба по жестокиот конфликт што избувна откако Трамп рече дека Мелони „го молела за фотографија со него“ на неодамнешниот самит на Г7 во Франција.

Италијанската премиерка не остана должна на Трамп.

„Што се однесува до мојата популарност, тоа што сум ваш пријател сигурно не ми помогна, ниту пак зависи од моите односи со вас. Мојата популарност зависи од мојата способност да ги бранам националните интереси на Италија и токму тоа сум го правела отсекогаш.“

Денот пред заминувањето за Анкара, Трамп повторно ја повика Мелони, објавувајќи порака на својата социјална мрежа Truth Social дека на италијанската премиерка треба да и се забрани посета.

Сега снимателите ја снимија нивната средба во Турција, а освен ракувањето кое траеше неочекувано долго со размена на неколку реченици, најимпресивен впечаток остави превртувањето на очите на Џорџе Малони.

Фото: ЕПА