Полицијата уапсила 40-годишен жител на Пробиштип кој со закани во два наврати изнудил пари од 18-годишна девојка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава.
Полицијата уапси жител на Пробиштип кој со закани изнудил пари од 18-годишна девојка.
Според информациите на МВР, вчера во 22:25 часот во Пробиштип, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишија од слобода Ј.Ј.(40) од Пробиштип, постапувајќи по претходна пријава дека со закани во два наврати од 18-годишна девојка од Пробиштип изнудил да му даде пари.
За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.







