Англија е една од репрезентациите која се избори за билет за четвртфиналната фаза на Светското првенство каде за ривал ќе ја има селекцијата на Норвешка.
Англичаните го преживеаа тешкото и незгодно гостување во Мексико Сити на култниот „Ацтека“, место на кое му пресудија на домаќинот Мексико со 3-2. Овој триумф носи самодоверба, надеж дека оваа селекција може да стигне до самиот крај, се „пали“ и јавноста на острвот, па Џон Тери го спореди Џуд Белингам со Зинедин Зидан.
- Го гледате Џуд минатата вечер, го споредив со Зинедин Зидан и можеби бев малку амбициозен, но погледнете го тој натпревар и што прави, тој е неверојатен. Неговите два гола за мене беа врвот, а каква топка од Хари Кејн за неговиот втор гол, - вели Тери кој се надева дека групата ќе остане обидинета и ќе избегне повреди.
- Тие не смеат да се повредат и мора да бидат во првите редови на нашиот успех. Без тие момци кои го водат тимот, кои ги водат стандардите… има лидери во групата. Хари Кејн, го видовме тоа во неговата фудбалска кариера, Џуд Белингам на таа млада возраст веќе го правеше тоа, Деклан Рајс, го вклучувам и Рис Џејмс во тоа, - вели Џон кој порачува дека Норвешка не смее да се потцени.
- Слушајте, Норвешка е добра екипа. Мислам дека се добро обучени. Мислам дека сè што поминува добро низ таа екипа оди преку Мартин Одегард. Ако Англија ги запре него и Ерлинг Халанд, тогаш имаме голема, голема шанса, - заклучи англиската легенда.







