Кристијано Роналдо го заврши своето шесто мундијалско патување без позначаен успех, па како играч кој најави дека го игра своето последно Светско првенство, не изостанаа и солзите по поразот од Шпанија.
Голот на Микел Мерино донесе победа за Шпанија вредна четвртфинале на Светско првенство, но истовремено, ја испрати Португалија дома како една од селекциите кои атакуваа прва светска титула во својата историја.
Кристијано Роналдо како капитен на националниот тим стана свесен дека ќе ја заврши кариерата без освоена мундијалска титула, но според него, трофејот освоен на Европското првенство во 2016-та година има идентично значење како светски трофеј.
– Ова беше отворен натпревар и Шпанија имаше малку повеќе среќа во завршните минути. Постигнаа гол и победија, тоа е фудбалот. Ова беше добар натпревар во кој одлучуваа детали. Жалам што го завршувам мундијалот на овој начин, но го кажав истото и на последниот прес пред натпреварот. Дадов се што имав, го дадов најдоброто од себе за Португалија и си одам со мирна совест.
– Тоа е фудбалот, тоа е животот на еден професионален спортист. Понекогаш победуваш, понекогаш губиш и треба да продолжите напред. Ова беше мојот последен мундијал, а за останатото ќе имам време да размислувам како што ќе одминува времето. Си одам со мирна совест, дадов се што имав за Португалија и освоив три титули.
– Пред Кристијано, Португалија немаше освоено ништо, со мене освои три титули. Најголемата титула која ја освоив е онаа во 2016-та година на Европското првенство, а за мена таа има иста тежина како еден мундијал. Затоа си одам од португалската репрезентација со мирна совест и без каење, – изјави Роналдо кој покрај трофејот на Европското првенство, осови и две титули во Лигата на нации.











