Де Ла Фуенте за херојот на Шпанците: Светска класа, тој е…

Дерби

07/07/2026

14:01

293

Големина на фонт

а а а

Шпанија мина уште една пречка на Светското првенство, најголемиот предизвик во досегашниот дел од турнирот, селекцијата на Португалија.

Шпанците славеа против соседот од Пиринеите со 1-0 и тоа со погодок во завршната фаза на натпреаврот кога по одличната акција и потоа асистенција на Феран Торес, реализираше Микел Мерино.

- Беше навистина фантастичен натпревар, финале пред финалето и како што се очекуваше, страдавме до самиот крај. Одигравме многу комплетен натпревар, а најважните играчи се оние што доаѓаат од клупата. Му реков [на Мерино] да игра како и секогаш, да поддржува во средниот ред и нападот, размислувавме да им дадеме малку повеќе ритам за да се соочат со продолженијата. Придонесот на играчите беше маестрален, - истакна селекторот Луис Де Ла Фуенте на кого посебно му е драг Мерино.

- Многу сум среќен за него. Имам голема наклонетост кон сите играчи, но со Микел Мерино има нешто посебно бидејќи се познаваме долго време. Доколку е потребно, би отишол да го земам од неговата куќа. Тој е од светска класа. Сакам да ја нагласам важноста на играчите кои доаѓаат од клупата. А Микел никогаш не разочарува; тој е сигурен избор, -порача искусниот стручњак.

Ривал на Шпанија на патот до полуфиналето е Белгија.