Аргентина се уште е во игра за одбрана на титулата на Светското првенство, а новата пречка кон остварување на таа цел е селекцијата на Египет.
Тоа е соочување кое е закажано за денеска од 18 часот, меч во кој „гаучосите“ на хартија се фаворит, но и натпревар кој ќе покаже дали битката со Зеленортските Острови беше само лош ден за јужноамериканците или навистина постојат толку слабости во играта на селекцијата која ја предводи Лионел Скалони.
Има критики за играта на Аргентина на овој мундијал, но Скалони и мирен и смета дека ниту една екипа не покажува доминатна игра на турнирот.
- Мислам дека ова Светско првенство се покажува како тешко за сите. Нема еден навистина доминантен тим. Франција изгледаше силна, и сè уште е, но се мачеше против Парагвај. Шпанија се мачеше до самиот крај. Ниеден тим не ја задржа формата што ја покажа пред Светското првенство. Противниците играат добро, а условите се поинакви од она што го гледавме досега. Играчите, кои одиграа многу натпревари, тоа го чувствуваат.
- Овој тим е кандидат со години каде и да оди и секогаш играл добро – дури и кога работите не функционираат, или противникот ви го отежнува тоа. [Нашето] ниво е прифатливо. Ги добивме сите четири натпревари и тоа е нешто со што треба да се биде задоволен. Како и секогаш, има работи што треба да се поправат.Внимателни сме бидејќи Египет е добар противник. Тие се многу добар тим; имаат играчи со искуство и тренер кој работи со нив долго време, - истакна Лионел кој воедно посочи дека се е во ред со капитенот Лео Меси.
- Лео е добро. Не пријави никакви проблеми, и покрај тоа што одигра 120 минути пред некој ден на 39-годишна возраст, - подвлече стратегот.







