Шоу во соблекувалната: Англиска ѕвезда глумеше повреда, Тухел остана шокиран, па тргна да „танцува“ откако сфати дека е измамен

Дерби

07/07/2026

10:50

204

Големина на фонт

а а а

Англија оствари огромна победа над Мексико на култниот стадион „Ацтека“, победа која ќе им донесе огромна самодоверба во пресрет на клучните натпревари на Светското првенство.

Англичаните славеа со 3-2, атмосферата во соблекувалната беше фантастична, па дел од играчите успеаа да го насамарат селектор Томас Тухел со една повреда.

Дефанзивецот Џон Стоунс почна да се жали на повреда, Деклан Рајс помогна информацијата веднаш да стигне до Тухел кој во прв момент беше шокиран за да неколку секунди подоцна сфати дека се е шега и тргне да танцува во ритамот на музиката.