[ВИДЕО] Погледнете како едно петчлено семејство живее во 28 квадратни метри: Овој стан е едноставно совршен

Точка

06/07/2026

20:30

831

Големина на фонт

а а а

Едно петчлено семејство од Филипини успеало совршено да се смести во само 28 квадратни метри простор за живеење.

Брачниот пар Тими и Лестер живеат во овој стан веќе четири години со своите три сина. Кога штотуку се доселиле, децата биле мали и целиот проект поради тоа бил многу потежок.

Дизајнерката на ентериер Керол Егварас им помогнала да го искористат секој центиметар од овој стан, почитувајќи ја наклонетоста на своите клиенти кон природата. Таа истакнува дека најголемите промени во овој стан биле паметните решенија кога станува збор за просторот за складирање.

Штом ќе се влезе во станот, таму има тесен чевларник, за просторот околу влезната врата секогаш да биде уреден.


Преовладуваат природни материјали и неутрални бои, а преминот од една просторија во друга е означен токму со различна боја на ѕидовите.

Тими и Лестер максимално го искористиле и просторот на ѕидот, па така во близина на влезната врата е поставен украс кој воедно служи и како држач за капи, шешири и чанти.


Во дневната соба се наоѓа двосед на расклопување, кој преку ден служи за седење, додека Тими и Лестер ноќе спијат на него. Спроти двоседот има ТВ-комода со многу прегради и фиоки за бројни ситници, додека над неа и од левата страна има плакар изработен по мерка, така што во него ја собира целата гардероба, како и правосмукалката и сличните уреди неопходни за секое домаќинство.

Бидејќи семејството често руча надвор од домот, не сакале масата да зафаќа многу простор, па се одлучиле за маса на расклопување која најчесто стои склопена во близина на кујната.

Бањата и кујната се мали, но во нив собира сè што е потребно за живот на едно семејство со деца.