[ФОТО] Божицата се спушти на Земја и времето запре: Зендаја во издание инспирирано од Атина го освои Лондон

Точка

06/07/2026

15:17

783

Големина на фонт

а а а

Дали сте спремни да бидете воодушевени? Седнете, земете чаша вода и длабоко вдишете бидејќи Зендаја ја започна промоцијата на „Одисеја“ во едно од најубавите изданија во нејзиниот живот!

„Одисеја“ на Кристофер Нолан без сомнение е еден од најочекуваните филмови оваа година, и конечно стигнавме до денот на неговата премиера. Ова епско остварување ќе биде свечено прикажано во Лондон вечерва, 6 јули, а еден ден претходно беше организирана промоција на која се собраа најголемите ѕвезди на филмот за враќањето на Одисеј на Итака.


Најголемо внимание сигурно привлече Зендеја, позната по своето „методско облекување“ за време на промоцијата на филмовите, а овојпат како инспирација го има ликот на божицата Атина - а, што повеќе би можело да посака едно такво креативно дуо како нејзиниот стилист Ло Роч и познатата актерка?

Фустан од „Jacquemus“ направен само за Зендеја

Зендаја пристигнала на настанот во Лондон во прекрасна бела тоалета од француската модна куќа „Jacquemus“, драпирана тоалета која зрачи со елеганција. Исто така, постои огромна доза на модна храброст по која е позната ѕвездата од „Еуфорија“, „Спајдермен“ и „Драма“, бидејќи целата тоалета виси од марамата врзана околу главата во едноставен јазол, од каде што се спушта по грбот.


Предниот дел е прицврстен со тенки рамчиња, а фустанот е структуриран и ја прави актерката да изгледа како античка грчка статуа, додека долниот дел постепено се стеснува, сè до зашилените бели чевли кои ги носи „So Kate“ од модната куќа „Christian Louboutin“.

Зендеја го комплетирала овој спектакуларен стил со златни, тркалезни, висечки обетки, кои додаваат малку повеќе антика, а се потпишани од „Glen Spiro“.

Сè е придружено со мали златни и дијамантски нараквици од брендот „Fope“, прстени од брендот „Barron Twist“ кои изгледаат како да се пронајдени во антички урнатини, златна нараквица од дизајнерката Џесика Мекормак и еден од нејзините дијамантски прстени...


Ви се доапаѓа ли оваа модна комбинација на Зендаја?