[ВИДЕО] Кузеска: Мицкоски не се откажува од изборен грабеж, гласањето по пошта е нов обид за манипулација

Макфакс

06/07/2026

13:00

167

Големина на фонт

а а а

Богданка Кузеска од СДСМ ги критикува обидите на ВМРО и Мицкоски за манипулации на изборите преку гласање по пошта и предупредува на ризиците од изборен грабеж и недоволна контрола во изборниот процес.

Мицкоски и ВМРО немаат намера да се откажат од обидите за манипулација и злоупотреби со над 200.000 гласови од дијаспората.

Откако сфати дека не може да го протнешверцерскиот начин за електронско гласање на дијаспората без никаква контрола, сега се обидува со некакво гласање по пошта, истакна на прес-конференција Богданка Кузеска, портпаролка и членка на ИО на СДСМ.

Нов модел и изборни манипулации

„И повторно без никаква контрола и гаранција за почитување на слободната волја на граѓаните – нов модел и можност за изборни манипулации и нерегуларности.

Изборен грабеж

Не му е важна на Мицкоски реформската агенда – тоа му е само изговор. Важен му е само изборниот грабеж.

Позициите на СДСМ за Изборниот законик не се радикалистички како што сака Мицкоски да ги прикаже. Радикалистички е начинот на кој тој сака да го спроведе изборениот грабеж“.

СДСМ, нагласи таа, не е против дијаспората да гласа, дијаспората гласа и сега.

„Тоа е лага на ВМРО. Но, сме против начин на гласање кој не обезбедува сигурност, транспарентност и заштита на изборната волја.

Ризици и загриженост

Предлогот електронското гласање да се замени со гласање по пошта, без Државната изборна комисија да има можност со консензус да ги утврдува правилата и механизмите на контрола, не ја подобрува демократијата во изборниот процес.

Тоа создава нови ризици за нерегуларности, злоупотреби и изборни манипулации.
Опасно и загрижувачки е тоа што ВМРО категорично одбива ДИК, со консензус, да ги регулира процедурите за гласањето на дијаспората.

Побарана контрола

Од што се плаши власта“

Ако навистина нивната цел е фер и демократски изборен процес, додава Кузеска, тогаш зошто бегаат од механизмот што обезбедува контрола, доверба и согласност меѓу сите политички чинители?

Вистината, како што напоменува е дека нивната цел не е подобар изборен процес, туку отворање простор за изборен инженеринг и манипулација.

„СДСМ нема да дозволи изборен грабеж, ние имаме обврска да го заштитиме гласањето и овие игри на ВМРО не ги прифаќаме.

Власта треба да се откаже од овие намери, да се повлече и да се достави предлог ДИК со консензус да може да го регулира гласањето на дијаспората“.