59-годишен параглајдерист од САД тешко повреден во Битолско

Макфакс

06/07/2026

13:30

220

Големина на фонт

а а а

59-годишен параглајдерист од САД тешко се повредил при слетување во битолско и е пренесен во Клиничката болница во Битола каде му се констатирани тешки телесни повреди. Увидната екипа на СВР Битола го извршила увидот.

Во СВР Битола во текот на вчерашниот ден било пријавено дека во атар на с.Породин, битолско, во близина на индустриската зона Жабени, Ф.Б.(59) од САД, при слетување со параглајдер, се здобил со тешки телесни повреди.

Ф.Б. со возило на Итна медицинска помош Битола е пренесен во Клиничката болница Битола, каде му се констатирани тешки телесни повреди.

Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.