Велосипедист тешко повреден по удар од возило

Макфакс

06/07/2026

13:30

208

Големина на фонт

а а а

Вчера се случи тешка сообраќајна несреќа кај Радуша, каде што велосипедист е тешко повреден при судир со патничко возило. Повредениот беше пренесен во Ургентниот центар во Скопје, додека полицијата изврши увид на местото на настанот.

Вчера околу 08:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на општинскиот пат од с.Радуша кон с.Дворце, на местото викано „Сува река“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел зафира“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Ј.(20) од с.Дворце, скопско, велосипед управуван од К.Ш.(68) од Скопје и велосипед управуван од А.Г.(61) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил К.Ш., констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Полицијата соопшти дека бил извршен увид од увидна екипа на СВР Скопје.