Англија го преживеа пеколот на „Ацтека“ и закажа европско четвртфинале на СП

Дерби

06/07/2026

11:18

205

Големина на фонт

а а а

Репрезентацијата на Англија избори пласман во четвртфиналето на Светското првенство и тоа откако рано утрово успеа да го елиминира ко-домаќинот на овој настан Мексико.

Англичаните успеаа да го преживеат пеколот и драмата на „Ацтека“ и тоа во меч кој не започна во одредениот тремин поради лошите временски услови.

По повеќе од еден час (од официјалниот тремин) почна да се трката топката во Мексико Сити, а „гордиот албион“ беше селекцијата која ги искористи своите шанси, најдобри моменти, даде голови во вистинско време и славеше со 3-2.

Гостите го шокираа домаќинот со два брзи гола во периодот од 36 до 38 минута кога Белингам на асистенции на Сака и Кејн беше двоен стрелец. Мексико се врати пред полувремето со погодокот на Кињонес и со овие 2-1 се замина на пауза.

Островјаните сосема заслужено останаа со играч помалку по лошиот старт на Кванса во 54 минута, но Англија се крена и по овој удар, во 60 минита се избори за пенал од страна на Гордон кој беше искористен од Кејн.

Домашните фудбалери дојдоа на минус еден во 69 минута преку Хименез кој реализираше од белага точка. До крајот Мексиканците притискаа, се обидуваа, меѓутоа не го пронајдоа патот до мрежата на Пикфорд.

Ова значи дека Англија оди во четвртфинале и тоа на мегдан со Норвешка која направи изненадување и го исфрли Бразил од мундијалот.