Анчелоти: Заслуживме да ја победиме Норвешка, овој пораз е нов почеток за нас!

Дерби

06/07/2026

11:04

223

Големина на фонт

а а а

Карло Анчелоти беше најавен како човек кој треба да биде спасител на бразилскиот фудбал, па иако неговите идеи беа добро применети во изминатата година, реалноста покажа дека овој тим на „кариоките“ се уште е многу далеку од некогашната слава препознатлива за оваа јужноамериканска велесила.

Искусниот италијански стручњак пристигна да решава големи проблеми во бразилскиот фудбал и поради добрите 10 месеци доби нов договор пред мундијалот, но откако неговиот тим доживеа рана елиминација во осминафиналето на Светско првенство, јасно е дека неговата работа ќе биде доведена во прашање.

Сигурно е дека ќе има бразилски медиуми кои ќе бараат одговорност од трофејниот стручњак за новото мундијалско фијаско на „кариоките“, кои за нова светска титула ќе мора да почекаат најмалку до 2030-та година.

Бразил последниот петти трофеј на мундијалите го освои во 2002-ра година, па во 2030-та година ќе навршат речиси три децении од нивниот последен голем успех во светски рамки.

Ова се бројки кои се загрижувачки за најтрофејната фудбалска нација во светот, но Анчелоти вели дека не треба да се крева паника после првиот пад кој имаат откако тој го презел тимот.

– Сите сме тажни бидејќи тимот не одигра извонредно Светско првенство, но не можеме да кажеме дека беше лошо. Не беше извонредно, но беше добро првенство од наша страна. Исто така, мислам дека заслуживме да ја победиме Норвешка на овој осминафинален натпревар.

– После ваков тежок пораз, мора да размислувате на следниот начин. Овој пораз е почеток на нова авантура и ново патување. Мораме да продолжиме да работиме, да напредуваме и да пронајдеме нови идеи. Верувам дека овој пораз не е крај, туку почеток на нов циклус за Бразил, – изјави Анчелоти.