Алчноста за пари на Апасиев пред реформите, Левица го блокира Изборниот законик, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Макфакс

06/07/2026

09:10

724

Големина на фонт

а а а

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека Димитар Апасиев и Левица се алчни и го блокираат донесувањето на Изборниот законик, иако претходно бил постигнат консензус за повеќе средства за финансирање на изборната кампања од Буџетот. Според ВМРО-ДПМНЕ, апасиевците се водат од дневен политички маркетинг и популизам, наместо од принципи и суштински реформи.

Апасиев повторно го погази зборот, алчни само за пари Левица го блокираат Изборниот законик, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Левица и Димитар Апасиев докажаа дека нивните зборови не вредат ништо кога ќе дојде време да се преземе одговорност.

Иако со консенсус од сите политички партии беше прифатено она што Димитар Апасиев и Левица го бараа, а тоа е повеќе пари за финансирање на кампањата од Буџетот, квази левичарите денес тој договор го поништуваат.

Левица со денови јавно зборува за принципи, демократија и една изборна единица, а кога на маса беше ставен договор во кој беа прифатени нивните барања, решија да го блокираат процесот и Изборниот законик“.

Левица на чело со Апасиев, според владејачката партија, потврди дека нивната политика не се темели на принципи, туку на дневен политички маркетинг и пресметана конфронтација.

Како што оценуваат, Левица избра да прави политички театар и вештачки кризи со цел да соберат политички поен плус наместо напредок, реформи и современ и функционален Изборен законик.

„Левица избра да се служи со провиден политички маневр иако фактите се јасни, беше постигнат широк политички консензус и беа прифатени решенија кои ги бараше и Левица.

Левица избега од договореното, Апасиев се повлече и одлучи да го блокираат процесот.

Граѓаните на дело го видоа лицемерието и двојните стандарди на Апасиев и Левица.

Единствено што му е важно на Апасиев се повеќе пари, Апасиев едно зборува пред камерите, друго прави зад затворени врати глумејќи тврдокорен.

Левица нуди само популизам. Левица нема решенија, Апасиев нуди само блокади“.

Како што додаваат од ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните не им веруваат на квази политичари кои ги интересираат само сопствени интереси и пари, впрочем за тоа говорат и анкетите каде СДС и Левица ја губат поддршката од народот.