Возиња откри каква порака добил од Меси по крајот на мечот: Неверојатен момент за мене

Дерби

05/07/2026

13:43

245

Големина на фонт

а а а

Жозима Евора Диаш доби планетарна популарност со неверојатното издание кое го имаше против Шпанија и доби милиони следбеници на социјалните мрежи, но со своите изданија во наредните средби на мундијалот, популарниот Возиња покажа дека тоа не било случајност.

Голманот на Зеленортските Острови ги освои симпатиите на пошироката светска јавност и е еден од хероите на мундијалот во САД, Мексико и Канада, без оглед на тоа што тој и неговите соиграчи веќе ги спакуваа куферите за враќање во малата островска земја.

Иако загубија, играчите од Зелен Рт се прикажаа во јуначко издание против моќната Аргентина и потклекнаа дури во дополнителните 30 минути игра, а по мечот кој заврши со резултат 3:2, комплименти за аутсајдерот не штедеше и Лео Меси.

Аргентинскиот капитен ја пофали цврстата и пожртвувана игра на ривалот и нагласи дека не очекувал лесен натпревар, но Лео имал убави зборови и за Возиња по крајот на средбата.

Тоа го откри самиот голман, кој во едно од интервјуата по 1/16 финалето обелодени каква порака добил од големиот фудбалски мајстор.

– Му пријдов на Меси по натпреварот, а тој ме прегрна и ми го кажа следното: Ти си фантастичен, луѓето во твојата земја треба да бидат горди на тебе. Тоа беше неверојатен момент за мене, да слушнете такви зборови од Меси е навистина големо, – откри Возиња.