Португалска ѕвезда: Зеленортските Острови се победници…

Дерби

05/07/2026

09:14

556

Големина на фонт

а а а

Зеленортските Острови важеа за огромен аутсајдер во соочувањето со Аргентина, но на теренот покажаа дека се репрезентација за почит, репрезентација со квалитет, репрезентација која е организирана и која знае што сака, па актуелниот светски шампион мораше да се поти и да игра дополнителни 30 минути за да ги елиминира од турнирот.

„Гаучосите“ на крајот славеа со 3-2 и тоа на мечот во кој трипати водеа, но триумфот на крајот сосема заслужено остана во сенка на ривалот кој заслужено доби многу честитки, комплименти како од самите Аргентинци, така и од аналитичарите, јавноста, но и од другите противници со кои воопшто не се соочија на турнирот како што е Поругалија.

-Го следев турнирот одблизу и верувам дека, без оглед на вчерашниот резултат, Зеленортските Острови излегоа како победници. Тие организираа прекрасна кампања и докажаа дека, исто како Португалија, се мала нација која може да се пофали со огромен квалитет. Вербата што ја покажаа во текот на целиот турнир беше неверојатна.

-Воодушевен сум од начинот на кој нè претставија; сакам да им честитам и да им се заблагодарам за сè, -порача дефанзивецот Нелсон Семедо.