Хорор во Скопје: Обљубил малолетничка и го снимал сексуалниот чин

Макфакс

05/07/2026

12:50

430

Големина на фонт

а а а

Полициски службеници во Скопје привеле 21-годишник осомничен за обљуба врз малолетничка, при што сексуалниот чин бил сниман со мобилен телефон. Случајот е во фаза на документирање со поднесување на кривична пријава.

Полициски службеници од СВР Скопје вчера попладне го лишиле од слобода 21-годишниот С.Б. од Скопје, кој е осомничен за обљуба врз малолетничка, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според информациите од МВР, истиот ден во 13:20 часот, жена од Скопје пријавила дека на 3 јули на подрачјето на Шуто Оризари, осомничениот се обидел да изврши обљуба врз нејзината 16-годишна ќерка.

Во пријавата било наведено и дека пред околу шест месеци истиот осомничен извршил обљуба врз малолетничката, а целиот настан бил сниман со мобилен телефон од негов пријател.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот против осомничениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.