Граната од Втората светска војна пронајдена при ископ на објект

Макфакс

05/07/2026

14:10

233

Големина на фонт

а а а

Граната од Втората светска војна е пронајдена при ископ на земја во Скопје, а МВР и Дирекцијата за заштита и спасување се вклучени во безбедното отстранување на опасниот артикл.

Граната од Втората светска војна била пронајдена вчера при ископ на земја за изградба на објект на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека за гранатата вчера во 12 часот во полиција пријавил Н.И., по што бил извршен увид од увидна екипа од СВР Скопје и било констатирано дека се работи за граната која потекнувала од Втората светска војна.

-Известена е Дирекцијата за заштита и спасување за безбедно подигање на гранатата, информира МВР во дневниот билтен.