[ВИДЕО] Новинарката Роксана е пронајдена мртва речиси еден месец откако беше киднапирана

Макфакс

04/07/2026

20:07

1.109

Големина на фонт

а а а

Новинарката Роксана Беренис Гузман Рамирез е пронајдена мртва во Мексико, преку еден месец по нејзиното киднапирање. Случајот отвори прашања за безбедноста на новинарите во земјата, а осомничени се и полицајци.

Новинарката Роксана Беренис Гузман Рамирез е пронајдена мртва речиси еден месец откако беше киднапирана во мексиканската држава Веракруз.

Нејзината приказна го обиколи светот бидејќи во моментот на киднапирањето успеала да сними дел од настанот со својот мобилен телефон, оставајќи потресен запис од последните моменти пред да исчезне.

Мексиканските власти објавија дека осум лица, меѓу кои и четворица полицајци, се уапсени во врска со случајот, под сомнение дека се поврзани со киднапирањето и убиството.

Истрагата е сè уште во тек, а случајот повторно го отвори прашањето за безбедноста на новинарите во Мексико, една од најопасните земји за практикување новинарство.