Хрватска зад себе има големи успеси на светските првенства, но на ова во САД, Канада и Мексико, го заврши настапот уште во првата рунда од нокаут фазата.
Избраниците на Златко Далиќ загубија од Португалија во инфаркт завршница, во која им беше поништен гол во последните моменти, а хрватскиот селектор имал сериозни забелешки на судењето на целата средба.
– Судењето беше многу лошо, ниту еден прекршок, ниту еден прекин за нас.
– Но, Хрватска загуби и немаме право многу да коментираме. Жал ми е за начинот на кој загубивме, – рекол Далиќ, кој го коментирал и целиот натпревар.
– Планот во првото полувреме беше да не примиме гол, но не требаше да играме толку дефанзивно. Во вториот дел го свртевме натпреварот во наша корист, направивме многу шанси и не заслуживме ваков резултат. Честитки за моите фудбалери, претходно веројатно имавме среќа во некои ситуации, но сега не се случи такво нешто.
– Нестварно е она што го направивме изминатите години, навистина имаме успеси за паметење. Време е за нови почетоци, малите два пати направија чудо, сега не смееја, – рекол Далиќ во однос на својата иднина.







