Неверојатна мисија на еден човек: Со голи раце спасил шест милиони пчели

Точка

02/07/2026

20:14

384

Големина на фонт

а а а

Вооружен само со бандана и голи раце, 42-годишниот Кларенс Чуа спасува пчели, префрлајќи цели пчелни колонии во дрвени кутии и преселувајќи ги на безбедни места, најчесто во својот двор.

„Она што ми се допаѓа кај нив е тоа што, ако ги почитуваш и не им се закануваш, сосема мирно прифаќаат кога влегуваш во нивниот простор“, изјавил Чуа.


Кога жителите на тропскиот Сингапур ќе откријат дека пчели се вгнездиле во нивните домови, најчесто повикуваат специјализирани компании кои за само неколку минути ги уништуваат колониите, по цена од 60 до 100 долари.


Но, Чуа успеал да убеди многумина да му дозволат наместо тоа да ги пресели пчелите, за околу 50 долари.


Во последните шест години, тој во просек преселува околу 100 пчелни колонии годишно, што значи дека досега спасил околу шест милиони пчели. При секоја интервенција ја преселува целата колонија, вклучувајќи ја матицата, пчелите работнички и потомството.Чуа преселувал пчели од најразлични необични места – од „куќички за духовите на предците“ во станбени објекти, па сè до авионски мотори.


Денес неговите услуги сè почесто ги бараат локалните месни одбори, кои управуваат со станбените комплекси во кои живеат околу 80 проценти од населението на Сингапур.