[ВИДЕО] Руди Гарсија правеше чудни измени, но Белгија направи чудо во Сиетл благодарение на Тилеманс

Дерби

02/07/2026

07:45

439

Големина на фонт

а а а

Белгија и Сенегал го режираа највозбудливиот натпревар во 1/16 финалната рунда на Светското првенство, не само поради отворената игра и големиот број шанси, туку поради кам-бекот на европската селекција.

„Црвените ѓаволи“ беа на работ од бездната и се чинеше дека Руди Гарсија повлекува очајнички потези во еден сигурен пораз, но на крајот испадна дека стратегот на Белгијците прави потези кои донесоа добри одговори на теренот.

Сенегал беше подобар ривал во добар дел од мечот и заслужено водеше со 2:0 со головите на Диара и Сар, а веднаш откако овој вториот постигна гол на стартот на вториот дел, Руди Гарсија се одлучи да прави чудни измени.

Селекторот на Белгија извади две големи ѕвезди како Доку и Де Брујне и двајцата не беа премногу импресионирани од тоа, па иако ова изгледаше како потег со кој сам си пука во колено, во продолжение Белгијците изгледаа доста поопасно.

Раскин и Лукебакио беа играчите кои влегоа во игра, потоа влезе и Мореира, а во финишот шанса доби и искусниот Мение. Во 86-та минута, Сенегал се уште имаше предност од 2:0, но голот на Лукаку за надеж на Белгијците се покажа како инцијална каписла за кам-бек.

Три минути подоцна, гол постигна и Тилеманс за 2:2, па така мечот отиде во продолженија и психолошката преднот замина на страна на Европејците.

Иако Сенегал изгледаше поконкретно во сите 30 минути, Белгија доби пенал по проверка на ВАР во самата завршница од надополнувањето, а Тилеманс беше прецизен реализатор и со гол во 125-та минута ја одведе Белгија во осминафинале.