Роџерс објасни како Алонсо го убедил да го избере Челси: Имав неколку разговори со него…

Дерби

22/07/2026

13:13

219

Големина на фонт

а а а

Морган Роџерс ја менува клупската средина и во новата сезона ќе го гледаме во Англија, меѓутоа во дресот на Челси.

Тимот од „Стемфорд Бриџ“ се одлучи да плати неверојатни 117 милиони фунти или околу 140 милиони евра, сума со која е поставен нов британски рекорд.

Офанзивецот потпиша повеќегодишен договор со „сините“ сега пред него е обврска да се докаже, да покаже дека вреди за парите, но и да ја оправда довербата која клубот и пред се тренерот Чаби Алонсо ја имал во него.

- Имав неколку разговори со него и мислам дека е важно за мене да бидам тука, да разберам каков е менаџерот, каков е и како сака да работи. Тоа многу се вклопува со начинот на кој ја гледам играта, начинот на кој сакам да играм и начинот на кој сакам да бидам јас, да бидам слободен и да се изразам. Тоа што тој беше дел од тоа беше огромен фактор за да бидам тука, - истакна Морган алудирајќи дека Алонсо има огромна улога во целата операција.

Роџерс е среќен што ќе игра заедно со Кол Палмер.

- Го познавам Кол од моите околу 14 години, прво во младинските тимови на Англија, а потоа кога двајцата бевме заедно во Манчестер Сити. Разговараме за ова веќе некое време; отсекогаш би сакале да играме заедно. Значи, за да се случи тоа, двајцата сме возбудени.

- Тој постојано ми ѕвони на телефон, ми пишува пораки и едвај чекам. Мислам дека тоа е веројатно најспецијалната работа, да играш со еден од твоите најдобри пријатели и да бидеш околу него секој ден. Тоа е нешто за кое сум навистина возбуден,  -рече англискиот репрезентативец.