ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО од брутално насилство врз девојче во Аеродром: Ја влечат за коса, ја тепаат – десетици деца навиваат и снимаат

Нетпрес

01/07/2026

17:04

1.227

Големина на фонт

а а а

На снимка која кружи по социјалните мрежи се гледа нов вознемирувачки случај на врсничко насилство и малтретирање меѓу скопските основци.

На снимката се гледа како девојче е клекнато на колена и моли за милост, додека неколку други девојчиња го навредуваат, му удираат шлаканици и го влечат за коса. Во меѓувреме, присутните не интервенираат, туку го снимаат инцидентот со мобилни телефони и ги бодрат напаѓачите.

„Ќутете да слушнеме како ќе пука“, вели едно од момчињата кое снима, чекајќи друго девојче да му удри шлаканица на малтретираното.