[ВИДЕО/ФОТО] Силно невреме го зафати Скопје: Урагански ветер ја погоди метрополата - летаа кровови, паѓаа дрвја, градот остана во хаос

Точка

21/07/2026

17:49

2.489

Големина на фонт

а а а

Невреме со пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на суградица попладнево ги зафати Скопје и Куманово, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Низ Општина Кисела Вода веќе има скршени гранки од дрвја на улицата Христо Татарчев.

Невремето донесе засилен ветер, пороен дожд и грмежи, а граѓаните на социјалните мрежи споделуваат фотографии и видеа од силните атмосферски процеси во главниот град.

Во близина на „Мавровка“, невремето предизвика и пожар кој во меѓувреме сам се изгасна.

Според прогнозите на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), денеска времето е нестабилно со локални врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер, објави 4news.mk На повеќе места се очекуваат поинтензивни процеси со пороен дожд, силни грмежи, ветер со брзина над 60 километри на час и услови за краткотрајно невреме со град.

Од УХМР информираат дека и во Скопската Котлина постои можност за појава на краткотрајни невремиња проследени со пообилен дожд, грмежи и засилен ветер.

Надлежните апелираат граѓаните да бидат внимателни, особено во периоди на силни налети на ветер, и да избегнуваат престој под дрвја, рекламни паноа и други нестабилни конструкции, објави 4news.mk.


























Фото: Точка

Видео: 360 степени