Делови од Шуто Оризари утре без вода

Макфакс

01/07/2026

15:20

110

Големина на фонт

а а а

Во Шуто Оризари утре 2 јули, дел од корисниците ќе останат без вода поради нов водоводен приклучок и со тоа престанок на водоснабдувањето на улицата Индира Ганди до гробиштата во овој дел на населбата.

Поради нов водоводен приклучок од ф -500/150 на ул. Плачковица бб.нас.(Шуто Оризари) со прекинато водоснабдување утре 02.07.2026 година (четврток) ќе бидат корисниците од ул. Индира Ганди горниот дел во нас. Шуто Оризари до Гробишта.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности, соопшти Центарот за управување со кризи.