[ФОТО] Криејќи се зад каучот ја гледал избирала друг маж, а потоа добиле три деца: Ова е сопругата на новиот британски премиер

Точка

21/07/2026

19:21

1.000

Големина на фонт

а а а

Мари-Франс ван Хил го запознала новиот британски премиер Енди Барнам на Универзитетот во Кембриџ, а почетокот на нивната љубовна приказна го одбележало учеството во телевизиската емисија „Blind Date“.

Кога Енди Барнам на 20 јули влегол во Даунинг стрит како нов британски премиер, покрај него била неговата сопруга Мари-Франс ван Хил. Иако е со него уште од студентските денови, таа во текот на неговата политичка кариера главно ја избегнувала јавноста и градела сопствен професионален пат.


Мари-Франс, која пријателите ја нарекуваат Френки е родена во Холандија, а пораснала во Белгија. Зборува три јазици и со години работи во областа на маркетингот и деловната стратегија.

Се запознале на Кембриџ

Идните сопружници се запознале во 1989 година на Универзитетот во Кембриџ. Мари-Франс тогаш била прва година на колеџот Фицвилијам, додека Барнам една година претходно ги започнал студиите по англиска книжевност.


Нивната врска брзо станала забележлива меѓу студентите. Еден од поранешните професори на Барнам подоцна раскажал дека неговите колеги сметале оти „добил на лотарија“ кога започнал врска со девојката која важела за „најкул личност на колеџот“.


Барнам, зборувајќи за студентските денови, еднаш на шега изјавил дека најубавиот спомен од тој период е токму запознавањето со својата идна сопруга.

Криејќи се зад каучот ја гледал додека избирала друг маж

Почетокот на нивната врска го одбележала необична епизода, која британските медиуми повторно ја актуелизираа по доаѓањето на Барнам на премиерската функција.


Во 1992 година, Мари-Франс се појавила во популарната телевизиска емисија за запознавање „Blind Date“, чија водителка била Сила Блек. Иако во тоа време веќе била во врска со Барнам, го прашала дали може да учествува во емисијата, а тој се согласил.


Пред камерите го избрала Вил Харис од Сари, со кого како награда добила патување во Гибралтар. Барнам подоцна признал дека емисијата ја гледал криејќи се зад каучот. За негова среќа, меѓу Мари-Франс и избраниот кандидат не се развила романса, па таа набргу му се вратила на тогашниот студент од Кембриџ.

Се венчале по раѓањето на синот

Мари-Франс и Енди Барнам го добиле својот син Џими во март 2000 година, а неговото раѓање ги поттикнало по долгогодишната врска да стапат во брак.


„Мислам дека бракот е подобар за децата. Малку сум старомоден кога станува збор за тие работи, иако морам да признаам дека Џими, мојот најстар син, беше на нашата свадба, па сум старомоден само до одреден степен. Кога сопругата првпат остана бремена, тоа беше целосно изненадување. Првата мисла ми беше: ’О, Боже, ќе мора да се венчаме‘“, раскажал Барнам во 2007 година.


Подоцна, парот добил уште две ќерки – Рози и Ен-Мари, позната како Ени. Членовите на семејството ретко се појавуваат во јавноста, а Мари-Франс во поголемиот дел од политичката кариера на својот сопруг останала надвор од центарот на вниманието.