Ибрахимовиќ ги наброја петте најдобри играчи во светот во овој момент: Изгледаат застрашувачко

Дерби

01/07/2026

11:31

718

Големина на фонт

а а а

Златан Ибрахимовиќ не жалеше премногу поради елиминацијата на Шведска од едноставна причина што смета дека ова е голем успех за тимот со оглед во каква ситуација беше пред само неколку месеци, а покрај тоа што даде признание за работата на Грем Потер, не криеше дека неговата селекција едноставно не можела да и парира на моќната Франција.

„Триколорите“ со прикажната игра во досегашниот тек на турнирот се истакнуваат како најсериозен кандидат за светскиот трон, а тоа мислење полека почнува да го дели и Златан.

Ибра не штедеше комплименти за напаѓачкиот арсенал кој го поседува Дидие Дешамп, а од студиото на „Фокс Спортс“ нагласи дека дури тројца играчи од овој француски состав се во топ 5 најдобри играчи во светот.

– Кога зборуваме за топ 5, тројца играчи од овој француски тим се таму. Дембеле, Олисе и Мбапе, а потоа можете да бирате двајца и вие самите.

– Халанд, Меси… , – продолжи Ибра, по што беше коригиран од Анри и доби потсета дека во топ 5 мора да биде и Јамал.

– Да, се извинувам, Јамал. Браво за Анри, затоа е тука во студиото. Меси е во своја класа….. Но, тројцата од петте најдобри во светот играат во нападот на Франција и тоа изгледа застрашувачки, – изјави Ибра.