[ВИДЕО] Јапонците одгледуваат коцкести лубеници кои не се за јадење, а чинат 55 евра

Точка

30/06/2026

17:49

422

Големина на фонт

а а а

Коцкестите лубеници, специјалитет на градот Зенцуџи во префектурата Кагава во Јапонија, иако не се доволно слатки и не се погодни за консумирање, станаа популарни како летна декоративна атракција.

Едно парче со димензии од 18 квадратни сантиметри се продава по цена од околу 55 евра.

Локалното здружение на одгледувачи ги развило коцкестите лубеници пред околу 50 години, со цел да произведе овошје што полесно ќе се сместува во фрижидерите, пренесува агенцијата Кјодо.

Лубениците ја добиваат својата препознатлива форма така што, кога ќе достигнат одредена големина, се одгледуваат во проѕирни квадратни калапи со метална рамка.

Покрај лубениците, во моментов седум фарми одгледуваат и коцкести дињи, а формата на секој производ внимателно се проверува пред да биде спакуван во транспортни кутии.