„Вообразените луѓе никогаш не слушаат ништо освен пофалби“: Најмудрите цитати од „Малиот принц“ што го обележуваат животот

Точка

29/06/2026

19:15

394

Големина на фонт

а а а

„Малиот принц“ не е само книга за деца, туку инспиративна поетска приказна чии пораки претставуваат безвременски животни лекции за сите генерации.

Антоан де Сент Егзипери својот филозофски роман го објавил под оригиналниот наслов „Le Petit Prince“ („Малиот принц“) во 1943 година во Њујорк.

Книгата веднаш постигнала светски успех, толку голем што, веднаш по Библијата, е една од најпреведуваните книги на сите времиња. „Малиот принц“ не е само книга за деца, туку инспиративна поетска приказна чии пораки претставуваат вечни животни лекции за сите генерации.

Во продолжение потсетете се на најинспиративните цитати од „Малиот принц“.


• Човекот гледа добро само со срцето. Суштината не може да се види со очите.

• Многу е потешко да си судиш себеси отколку да им судиш на другите. Ако успееш правилно да си судиш себеси, тогаш навистина си мудар човек.

• Најважни се едноставните задоволства, кои ги има во изобилство и во кои сите можеме да уживаме … Среќата не се наоѓа во предметите што ги собираме околу себе. За да ја пронајдеме, доволно е само да ги отвориме очите.

• Сите луѓе имаат свои ѕвезди, но тие не значат исто за секого. За оние што патуваат, ѕвездите се водичи. За други, тие се само мали светла на небото. За научниците, тие се предизвик … Но, ти ќе имаш ѕвезди какви што никој друг нема.

• Морам да издржам неколку гасеници ако сакам да запознаам пеперутка.


• Времето што си го потрошил за својата роза ја прави твојата роза толку важна … Луѓето ја заборавиле оваа вистина, но ти никогаш не смееш да ја заборавиш. Засекогаш стануваш одговорен за она што си го припитомил. Ти си одговорен за својата роза.

• Но, вообразениот човек не го слушна. Вообразените луѓе никогаш не слушаат ништо освен пофалби.

• Куп камења престанува да биде само куп камења во мигот кога еден човек ќе ги погледне и во нив ќе ја види сликата на катедрала.

• Сите возрасни некогаш биле деца … но само малкумина од нив се сеќаваат на тоа.

• Најубавите нешта на светот не можат ниту да се видат, ниту да се допрат – тие се чувствуваат со срцето.