Ибра го подбра Куман со низа аргументи: Тој е главен виновник за елиминацијата на Холандија

Дерби

30/06/2026

11:39

430

Големина на фонт

а а а

Холандија покажа добра игра во групната фаза и се издвои како една од селекциите кои можат да бидат фаворити од сенка, но кога дојде моментот на вистината, „лалињата“ потклекнаа на првиот голем предизвик.

Среќата не ги посака и уште во воведната нокаут рунда добија исклучително тежок противник, па иако беа блиску до победа, Холанѓаните на крајот загубија од Мароко во драматичен пенал рулет.

Роналд Куман мораше да се помири со нов пораз и ново разочарување на големо натпреварување, а бидејќи одговорност ќе се бара токму од него, Златан Ибрахимовиќ дополнително ги разгоре страстите со бруталната изјава која ја даде од студиото на „Фокс Спортс“.

– Овој пораз е вина на Роналд Куман, тој едноставно не ги препозна квалитетите на овој холандски состав. Загуби со идентитет кој не е карактеристичен за холандската репрезентација и тоа е она што ме лути. Ако губиш, загуби со својот идентитет, а ова не беше вистинската Холандија, – изјави Ибра, кој не можеше да сфати како Депај и Мален останаа на клупа.

– Не можам да ја разберам тактиката и измените кои ги прави Куман. Зошто промени систем кој добро функционираше цели две години? И зошто остава на клупа два врвни голгетери како Депај и Мален во ситуација кога натпреварот се решава во пенал рулет. Навистина ми е нејасно, – изјави Златан.