Бразил мораше да прави пресврт против Јапонија и на потешкиот начин избори осминафинале, но за разлика од Германија и Холандија, „кариоките“ си ја завршија својата работа и не дозволија рана сензација.
Тимот на Карло Анчелоти покажа карактер во тешки околности против организираните и трудољубиви Јапонци, па иако херој беше Мартинели кој постигна гол за 2:1 во 96-та минута, одново главен двигател на играта на Бразил беше Винисиус Жуниор.
Фудбалерот кој најчесто знае да се најде во контроверзни ситуации како член на Реал Мадрид, на овој мундијал изгледа максимално фокусирано само на она што треба да го прави на теренот, па така беше и против Јапонците.
Иако не постигна гол, Винисиус беше убедливо најактивен играч на Бразил и претставуваше голема закана за Јапонците, кои во една акција не знаеја што ги снајде.
Набрзо по израмнувачкиот гол на Касемиро за 1:1, Вини измести тројца јапонски фудбалери и режираше соло-бравура, па вистинска штета е што оваа акција заврши без гол.
Главен виновник за тоа беше голманот Сузуки, кој со одлична реакција спречи да го видиме убедливо најубавиот гол на турнирот во САД, Мексико и Канада.







