Специјалното палто на Ѓоковиќ крие уникатна порака во внатрешноста

Дерби

30/06/2026

11:20

212

Големина на фонт

а а а

Новак Ѓоковиќ се појави во специјално бело палто на своето 21-во издание на најпрестижниот тениски турнир во светот, а со самото тоа привлече големо внимание во јавноста.

Странските фоторепортери имаа потешкотии да ја разберат пораката која е напишана во внатрешноста на палтото, но оние од Србија веднаш ја преведоа истата и открија за каква содржина станува збор.

– Не е јунак тој што тепа, туку оној кој трпи неправда и простува……, – гласи пораката на Ѓоковиќ, кој најверојатно се обиде да пронајде симболика во овие зборови со сето она што го трпеше во својата богата кариера.

Ѓоковиќ имаше потешкотии на стартот на Вимблдон, но успеа во четири сета да се справи со Кинезот Џибинг Ву, па добриот тест сигурно ќе му послужи како добра подготовка за она што следи.

Ноле брка осма титула и израмнување на рекордот на Рожер Федерер на Вимблдон, а во втората рунда за свој противник ќе го има Стефанос Циципас.

,/center>