Модерната ера на фудбалот промени многу нешта во спортот и веќе ништо не може да се земе здраво за готово, а дојде време и кога може слободно да се каже дека Германија веќе не важи за вистинска велесила какошто беше во минатото.
Четирикратниот светски шампион го нема допрено дното како Италија која не избори пласман на трето Светско првенство во низа, но и резултатот на „панцирите“ не е ништо поимпресивен на трите последни мундијали.
Најновото разочарување дојде во пенал рулетот кој заврши со елиминација од Парагвај, а со тоа се заокружи една лоша серија која датира од 2014-та година.
По освоената четврта светска титула, Германија испаѓаше во групната фаза на мундијалите во 2018-та и 2022-ра година, па иако се доби впечаток дека оваа година се прави исчекор, таквиот тренд кратко траеше.
Првата нокаут рунда донесе срамна елиминација за фаворитот, кој со поразот од Парагвај во пенал рулетот си урна и една неверојатна мундијалска традиција.
За првпат во историјата на Светските првенства, Германија загуби еден пенал рулет, а исто така за првпат беше поразена на било кое големо натпреварување по далечната 1976 година (пред 50 години).
Германија важеше за најдоминантна репрезентација во историјата на пенал рулетите, но на неверојатната серија ставија крај Парагвајците, кои рано утрово покажаа неверојатен карактер и челични нерви.
#GetThisChip - Paraguay 🇵🇾 are the FIRST team ever to beat Germany 🇩🇪 in a penalty shootout in World Cup history. Germany hadn't lost a shootout in an official competition for 50 years (EURO 1976), but Paraguayan guts are legendary.
— MisterChip (English) (@MisterChiping) June 29, 2026







