Уапсен скопјанец баран со судска наредба за доиздржување казна затвор од седум години и еден месец

Макфакс

30/06/2026

11:00

202

Големина на фонт

а а а

Во село Визбегово, скопско, полицијата уапси 29-годишен маж поради насилно однесување и закана со остар предмет, кој бил баран со судска наредба за доиздржување на казна затвор од седум години и еден месец.

Вчера во 20:00 часот во село Визбегово, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода 29-годишниот С.Ш. од Скопје.

Претходно, во Центарот за азил во Визбегово, тој агресивно се однесувал и се заканувал со остар предмет на едно женско лице, по што со такси возило го напуштил местото. Набргу, по преземени мерки, возилото е запрено, лицето е лишено од слобода и кај него е пронајден и одземен нож.

При преземање мерки и проверка во оперативната евиденција било констатирано дека С.Ш. бил баран со судска наредба за доиздржување затворска казна од седум години и еден месец.

Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на казната.