Македонскиот спортист Кристијан Бајовски, успеа да го собори светскиот рекорд во дисциплината стриктни склекови со дополнителни 10 килограми.
Со неверојатни 1.257 склекови во времетраење од еден час – 49 повеќе од досегашниот рекорд Бајовски испиша историја.
По завршувањето на предизвикот, тој им се заблагодари на сите кои го поддржувале низ целиот процес и порача дека секоја порака и секоја поддршка му значеле неизмерно. „Сега останува целиот материјал да се среди и да се испрати до „Guinness World Records“ за официјална верификација“, порача Бајовски преку социјалните мрежи.
Со овој подвиг, Бајовски покажа дека упорноста, работата и вербата во сопствените можности можат да донесат историски резултат.








