[ВИДЕО] Го изгубил паричникот на стадионот: Аргентинците го пронашле на урнебесен начин

Точка

29/06/2026

16:11

666

Големина на фонт

а а а

Аргентинските навивачи се познати по нивната страсна поддршка за својата репрезентација, а една сцена по натпреварот на овогодишното Светско фудбалско првенство против Јордан во Далас ја покажа нивната голема солидарност.

Имено во толпата на стадионот, еден навивач го изгубил паричникот, но благодарение на генијалноста на другите, тој брзо му бил вратен – и тоа на прилично оригинален начин.

Името од личната карта го претворилe во навивачко скандирање

Кога еден од навивачите го пронашол изгубениот паричник, го кренал високо во воздух со надеж дека сопственикот ќе го забележи. Бидејќи никој не одговорил во огромната толпа, заедно со останатите навивачи смислиле поинакво решение. Во паричникот ја пронашле личната карта, а името на сопственикот го претвориле во навивачко скандирање кое брзо го усвоиле сите присутни.

Околу дваесет секунди подоцна, сопственикот се јавил и се пробил низ толпата до човекот кој го пронашол неговиот паричник. Останатите обожавателите ги наградиле двајцата со силен аплауз, потоа ги кренале на рамена и заедно го прославиле убавиот гест.