Белингам возврати на пофалбите: Тој е најдобар англиски играч на сите времиња

Дерби

29/06/2026

13:58

326

Големина на фонт

а а а

Џуд Белингам прикажува едно сосема поинакво лице од стартот на Светското првенство и воопшто не личи на фудбалерот кој имаше лоша сезона во Реал Мадрид, а неговите добри и пожртвувани изданија беа забележани од лидерот на англискиот тим.

Хари Кејн не штедеше пофалби за својот соиграч по победата над Панама и му додели низа комплименти, а со оглед на тоа што двајцата полека градат еден извонреден тандем во англискиот тим, Белингам на убавите зборови возврати со уште помоќна порака.

Кејн ги урна сите голгетерски рекорди во англискиот тим, но според Белингам, тој е и најдобриот играч на сите времиња во англискиот фудбал без оглед на тоа што нема освоено титула со репрезентацијата.

– Мислам дека изградив добар однос со Хари во последните неколку години, особено по турнирот во Катар. Играме блиску еден до друг и мене ми претставува чест да ја делам соблекувалната со него.

– За мене, тој е најдобриот англиски играч на сите времиња. Тој е оној кој се појавил за репрезентацијата повеќе од било кој друг, повеќе од било кој друг англиски играч. Игра на ниво кое е неверојатно, секогаш имате чувство дека ќе направи разлика во секој момент, – изјави Белингам.