[ВИДЕО] 11-годишно дете преживеа три дена под урнатините од земјотресот во Венецуела

Макфакс

28/06/2026

10:17

290

Големина на фонт

а а а

11-годишно дете беше спасено живо три дена по силните земјотреси што ја погодија Венецуела, додека бројот на жртви се искачи на повеќе од 1.400 и стотици лица сè уште се исчезнати.

Единаесетгодишно дете е извлечено живо од урнатините на Карабаледа, на северот од Венецуела, три дена по смртоносните земјотреси што го погодија регионот, објави привремената претседателка на земјата, Делси Родригез.

– Пред неколку минути, 11-годишно дете беше спасено во Карабаледа. Во овој момент, секој живот е извор на надеж за Венецуела, напиша Родригез на Икс, приложувајќи кон својата порака видео од спасувањето на детето.

Новороденче старо 18 дена и неговата мајка завчера вечер беа извлечени од урнатините.

– Сега главно ископуваме безживотни тела, но фала му на Бога понекогаш сè уште наоѓаме преживеани, изјави спасител во градот Плаја Гранде.

Според најновите податоци од властите, најмалку 1.430 луѓе загинаа во двата последователни земјотреси со магнитуда од 7,2 и 7,5 степени што го погодија северниот дел од земјата на 24 јуни вечерта, а повеќе од 50.000 сè уште се водат како исчезнати. Земјотресот погоди седум милиони луѓе, според податоците на ОН.