ЗНАМ повеќе не постои како здружение. Oстанати се само двајца – Горан Минчев и Максим Димитриевски, кои сега водат отворена битка за фотелји, бизниси и влијание, велат од СДСМ.
„Ова е логичен крај на проектот што Христијан Мицкоски лично го создаде, финансираше и го користеше како политички сателит. Кога веќе не му е потребен, се однесува кон нив како газда кон непотребни слуги – ги фрла.
ЗНАМ влезе во Владата со големи зборови за „програма и принципи“. Кои принципи? Кои принципи ги имаат Минчев и Димитриевски?
Принципот на предавство на сопствената партија за пари и фотелја?
Принципот на разбивање на гласовите на СДСМ на последните избори, со цена која беше платена со место во Владата?
Принципот на продавање на гласачите кои им веруваа?
Тие го направија токму тоа.
Прво ја предадоа својата партија, потоа своите гласачи“, се вели во соопштението.







