Жива е најдена исчезнатата жена од Орешани

Макфакс

27/06/2026

11:30

250

Големина на фонт

а а а

Исчезнатата 77-годишна Божа Каракушева, која страда од деменција, е пронајдена жива откако излегла од својот дом во Орешани и исчезнала.

Доцна синоќа, беше пронајдена исчезнатата 77 годишна Божа Каракушева, јавија членови на семејството.

Каракушева, која боледува од деменција, исчезна вчера околу 08:30 часот, кога излегла од нејзиниот дом во Орешани. Последен пат била забележана во околината на Драчево, кај локалитетот Три Круши.

Семејството изрази благодарност до сите кои помогнаа во потрагата.