Како дел од своите општествено одговорни активности, „Sport Life“ обложувалниците донираа средства за поддршка на две организации кои работат со деца со развојни потешкотии – Здружението „Отворете ги прозорците“ и SLP.BOJAN – Центар за логопедија, специјална едукација и рехабилитација.
Донациите се наменети за набавка на асистивна технологија, рехабилитациски помагала и дидактички материјали кои ќе придонесат за поквалитетна поддршка на децата и лицата со попреченост.
„Во Sport Life постојано ги следиме потребите на заедницата и се стремиме да поддржиме иницијативи кои носат реални придобивки за граѓаните. Веруваме дека овие донации ќе помогнат во подобрување на условите за работа на двете организации и ќе придонесат за полесен развој, едукација и инклузија на децата кои се соочуваат со различни предизвици“ - истакнува Петар Поцков, маркетинг директор на Sport Life.

Потребата од стручна поддршка за деца со говорно-јазични, когнитивни, моторни и социо-емоционални потешкотии е сѐ поголема, а современите помагала и технологии имаат значајна улога во успешното спроведување на третманите и образовната поддршка.
„Кога компаниите ја препознаваат важноста на солидарноста и инклузијата, се создаваат можности за вистински промени. Со оваа донација ќе обезбедиме дополнителна индивидуализирана поддршка преку асистивна технологија, која им помага на децата со попреченост полесно да учат, комуницираат и учествуваат во заедницата. Заедничките вложувања се клучни за создавање општество во кое можностите се достапни за сите“, укажува Радмила Стојковска Алексова, раководителка на Центарот за асистивна технологија при Здружението „Отворете ги прозорците“ во врска со донацијата на „Sport Life“.

Здружението „Отворете ги прозорците“, веќе 20 години обезбедува поддршка за деца со попреченост и нивните семејства. Досега, организацијата обезбедила директни, индивидуализирани услуги за повеќе од 900 деца со различни развојни и физички попречености, меѓу кои нарушувања од аутистичниот спектар, церебрална парализа, интелектуални попречености и комплексни комуникациски потреби.
„Преку својот Центар за асистивна технологија, организацијата нуди индивидуализирани услуги, пристап до современи технолошки решенија, едукативни материјали и стручна поддршка за развој на комуникациски, образовни и социјални вештини. Сите услуги се обезбедуваат бесплатно за корисниците.“ – се посочува од Центарот.

Од Центарот „SLP. BOJAN“ исто така ја истакнаа важноста на поддршката:
„Едно утро, не разбуди еден хуман повик. Во нашиот центар се јавија „Sport Life“, и не известија дека сакаат да донираат, бидејќи веруваат дека ќе биде од помош токму за оние на кои им е најпотребна - лицата со развојни нарушувања.
Оваа донација ни овозможи да набавиме современа технологија за стимулација на говорно-јазичниот, когнитивниот и бихејвиоралниот развој, како и рехабилитациски и сензорни помагала што секојдневно ги користиме во работата со лицата со развојни нарушувања. Благодарни сме за поддршката и за препознавањето на важноста на нашата работа“- изјави Бојан Богдановски, клинички логопед – специјалист и основач на Центарот за логопедија, специјална едукација и рехабилитација - SLP.BOJAN.

SLP.BOJAN обезбедува стручна поддршка за деца и лица со развојни потешкотии, говорно-јазични нарушувања и комуникациски предизвици. Тимот работи на рана детекција, проценка и третман, преку индивидуализирани програми насочени кон развој на говорот, јазикот, комуникацијата, когнитивните способности и функционалните вештини. Центарот нуди современи методи, технологии и помагала со цел да обезбеди поквалитетна поддршка и подобри можности за развој и интеграција на своите корисници.
Спорт Лаиф Обложувалници како општествено одговорна компанија континуирано реализираат општествено корисни проекти и донации во разни области, меѓу кои: спортот, здравството, образованието и поддршката на ранливите категории граѓани ширум земјата. Минатата година со донација на Спорт Лаиф се реновираше дел од ГОБ „Св. Наум Охридски“ во Скопје, а истата година беа склучени и договори за стипендирање на истакнати македонски спортисти - учесници на минатогодишните олимпијски игри.















