Во Црна Гора е уапсен ирански хакер обвинет за масовни кибер напади врз американската инфраструктура со штета од 3,4 милијарди долари, во соработка со Иранската револуционерна гарда.
Во акција на црногорската полиција и американското ФБИ во Котор, уапсен е припадник на Иранската револуционерна гарда, Амир Барати (39), кој е обвинет од Соединетите Американски Држави дека ја оштетил инфраструктурата на САД со хакерски напади за 3,4 милијарди долари.
Службеници на Интерпол Подгорица, или членови на тимот FAST за меѓународни целни претреси, во четврток во општина Котор го уапсија А. Б. (39), државјанин на Турција и Иран, „високопрофилна цел на претресот во областа на сајбер и организираниот криминал, со цел да се обезбеди негово присуство во кривичната постапка што се води против него во Соединетите Американски Држави пред Високиот суд во Њујорк по повеќе обвиненија“.
Во соопштението на црногорската полиција се наведува и дека уапсениот Амир Барати е обвинет за кривични дела заговор за извршување компјутерска измама и компјутерско хакирање, како и кражба на идентитет.
„И ова на начин што од 2013 година, како соработник на правно лице од Иран, извршил масовни хакерски напади врз инфраструктурата на Соединетите Американски Држави, врз повеќе од 150 универзитети во Соединетите Американски Држави, предизвикувајќи штета проценета на повеќе од 3,4 милијарди американски долари“, се наведува во соопштението на црногорската полиција.
Се додава дека украдените податоци, како и пристапот до компромитирани универзитетски сметки, биле користени од страна на Иранската револуционерна гарда и други ирански корисници, вклучувајќи универзитети со седиште во Иран.
Се наведува дека уапсеното лице ќе биде изведено пред истражниот судија на Вишиот суд во Подгорица во законски предвидениот рок за понатамошна постапка во врска со екстрадицијата во Соединетите Американски Држави.
фото/Depositphoto











