Полицијата приведе 37-годишен маж од Кочани кој возел возило без возачка дозвола и во неговото возило при преглед била откриена голема количина на брендирана роба.
Полицијата приведе 37-годишник од Кочани поради управување возило без возачка дозвола, а во неговото возило била пронајдена поголема количина брендирана роба.
Според информациите на МВР, вчера околу 18:00 часот во Кочани полициски службеници сопреле патничко моторно возило „Опел“ со кочански регистарски ознаки управувано од Р.А.(37) од Кочани.
При извршената контрола било констатирано дека лицето не поседува возачка дозвола, а при преглед на возилото биле пронајдени 1.848 парчиња брендирана роба (маици, тренерки, шорцеви и дуксери).







