Според пишувањата на „Њујорк Тајмс“, свадбата на Тејлор Свифт и Тревис Келси би требало да се одржи следната недела, но точниот датум и време сè уште не се познати, бидејќи деталите за свадбата се чуваат во строга тајност од љубопитната јавност.
Како што понатаму пренесе медиумот, парот побарал дозвола од градот Њујорк за затворање на улиците околу арената „Медисон Сквер Гарден“ во периодот од 2 до 4 јули, поради настан што се одржува на 3 јули.

Портпаролката на градската управа потврдила за „Ројтерс“ дека е побарана дозвола со тие детали. Тејлор и Тревис, ниту пак нивните претставници за медиуми, не се огласиле по повод овие вести.
Важно правило за гостите

Освен тоа, според зборовите на еден гостин, парот поставил едно правило. Како што рекол Џорџ Китл, играч на „Сан Франциско Фортинајнерси“ и иден гостин на свадбата на славниот пар, Тејлор и Келси не сакаат нивните гости да носат подароци.
„Рекоа дека апсолутно не сакаат свадбени подароци. Но, размислував, Тревис од некоја причина многу сака стари монети, па можеби би можел да му набавам една стара монета“, рекол Китл, додавајќи на шега: „Звучи како тоа да може да биде и скапо“.

Во истиот разговор ја пофалил и славната пејачка:
„Таа е многу драга личност и убаво е да се биде во нејзина близина“.





