Руни воодушевен од младата ѕвезда: Кога го имате тоа во себе…

Дерби

22/06/2026

13:17

339

Големина на фонт

а а а

Англиската фудбалска легенда, Вејн Руни е дел од тимот на „Би-Би-Си“ за ова Светско првенство и како стручен аналитичар има можност да даде свој став, коментар за сите натпревари, актуелности и моменти.

Секој ден носи нешто ново на мундијалот, а овојпат Руни се фокусираше на Ламин Јамал кој иако одигра само едно полувреме против Саудиска Арабија направи разлика на теренот и воедно го постигна својот прв гол на Светските првенства.

- Знаете ли што е она што апсолутно го сакам кај него, тоа што прави да се смеам. Уживањето и забавата со кои игра. Она што го прави за таа шпанска репрезентација, има многу млади играчи во таа шпанска репрезентација и тој им ја дава таа самодоверба. Тие го освоија Европското првенство со него како 16-годишник, сега тој е созреан како играч, што изгледа лудо да се каже за 18-годишник, но тој на секој играч на Шпанија му дава самодоверба и верба дека можат да продолжат и да го освојат ова Светско првенство.

- Кога го имате тоа во себе, да ги натерате другите играчи да се чувствуваат подобро на фудбалскиот терен, неверојатно е да го имате тоа како 18-годишник, - вели Руни и додава:

- Тој трча назад и му помага на својот тим. Кога ќе добиете голем играч кој е спремен да трча назад и да помогне. Влијанието што го има врз остатокот од тимот, тие го гледаат тоа и си мислат: „Имаме суперѕвезда како бек и помага во одбраната“. Тоа значи дека сите други мора да го прават тоа, без разлика дали им се допаѓа или не.

- Толку сум возбуден што ќе го гледам во остатокот од ова Светско првенство, сигурен сум дека тоа се забележува, тој е толку пријатен играч за гледање, - заклучи легендата на Манчестер Јунајтед.